Македонецот од Сан Марино е новиот европски хит
Екипата на Тре Фиори го направи најголемото изненадување во првото коло од квалификациите во Конференциската лига откако со 3:1 синоќа славеше над Фола.
Бојан Ѓурчиноски во 45. и 52. минута постигна два гола, клучни за триумфот на неговиот тим. Ѓурчиноски е роден во Струга во 1994 година од каде со своето семејство, десет години подоцна се преселил во Ровињ. Таму почнал да игра фудбал и заминал во Италија. Не се истакнал премногу, но преку ноќ се смени неговата судбина благодарение на клубот од Сан Марино.
„Во Македонија велат дека сум Македонец, во Хрватска дека сум Хрват, не знам ни самиот веќе што сум. Може да се каже дека сум 49% Македонец, 49% Хрват и 2% од Сан Марино. Се изненадив колку пораки добив, не стигнав ни да ги прочитам сите. Којзнае, можеби ќе добијам државјанство на Сан Марино и ќе заиграм за нивната репрезентација“, вели Ѓурчиноски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Италија со нов систем за пресметка на…
Возачите што патуваат низ Италија би можеле…
Јотова: Нема да се откажеме од Бугарите…
Претседателката Илијана Јотова од историскиот локалитет Петрова…
Медведев со порака: „Русија ќе продолжи да…
Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија…
(Видео) Возел низ руски град со американско…
Необичен случај од рускиот град Стерлитамак предизвика…
Гори во село Палиград близу Зелениково, утре…
Моментално се наоѓам на лице место, во…