Борче Христов нов директор на младинските категории во Вардар
,,За нов директор на младинските категории во фудбалскиот клуб Вардар е назначен Борче Христов, поранешен играч и тренер во академијата на нашиот клуб. Христов во својата богата кариера бил дел од неколку клубови во Македонија, три години тренер во Карабаг во Азербејџан и четири години спортски директор на академијата на овој клуб.
Христов е професор во центарот за едукација на тренери при ФФМ.
Вардаровата школа од секогаш била извор на најдобрите таленти во Македонија и со ангажирањето на искусен и квалитетен фудбалски работник како Борче Христов нашиот клуб покажува дека во иднина сериозен акцент ќе биде ставен на работата со младинските школи.” , велат од ФК Вардар.
Инаку, син на Борче e новиот напаѓач на Вардар, Симеон Христов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Италија со нов систем за пресметка на…
Возачите што патуваат низ Италија би можеле…
Јотова: Нема да се откажеме од Бугарите…
Претседателката Илијана Јотова од историскиот локалитет Петрова…
Медведев со порака: „Русија ќе продолжи да…
Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија…
(Видео) Возел низ руски град со американско…
Необичен случај од рускиот град Стерлитамак предизвика…
Гори во село Палиград близу Зелениково, утре…
Моментално се наоѓам на лице место, во…