Претставници на САД и Франција разговарале за патот на Македонија кон ЕУ
Заменичката на државниот секретар на САД, Венди Шерман, синоќа телефонски разговарала со генералниот секретар на француското Министерство за надворешни работи, Франсоа Делатр, а за најновите случувања на патот на Македонија и Албанија за членство во Европската Унија, јавија од Стејт департментот.
Ова денеска го соопшти портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс.
-Заменик-секретарот Шерман и генералниот секретар Делатр разговараа и за најновите случувања околу патот на Албанија и Северна Македонија кон членство во Европската Унија, се вели во изјавата на Прајс.
Прајс изјави дека тие разговарале и за тековните заеднички напори за обезбедување поддршка за Украина и да се повика Русија на одговорност поради „нејзината неиспровоцирана и неоправдана војна“.
-Двајцата зборуваа за важната работа за ублажување на предизвиците за глобалната безбедност на храната што резултираа од акциите на Кремљ, соопшти меѓу другото Прајс.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Евакуирани дел од американските дипломати во Израел
Двајца американски претставници велат дека владин авион…
Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…
Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…
Белата куќа испрати меил со сите изјави…
Во услови на тековниот израелско-ирански конфликт, Белата…
„Мајката на сите бомби“ подготвена за Иран:…
Ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Иран…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…