РКЕ го укина надоместокот за мрежарина при предавање на вишокот произведена електрична енергија од обновливи извори
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија го укина надоместокот за мрежарина при предавање на вишокот произведена електрична енергија од обновливи извори, како што се фотонапонски електроцентрали кои што домаќинствата и малите потрошувачи ги имаат инсталирано, а се стекнале со статус на потрошувач- производител.
– Со одлуките кои ги носиме, сакаме да ги стимулираме потрошувачите да инсталираат фотоволтаични електроцентрали. На овој начин сметаме дека ќе се поттикне голем број на домаќинстава да ги искористат поволните услови и во време на енергетска криза да си обезбедат електрична енергија од сопствени извори, во случајов од фотонапонски електроцентрали. Токму затоа РКЕ презеде иницијатива за олеснување на инвестициите и пристапивме кон измена на Тарифниот систем за дистрибуција на електрична енергија.
Со оваа одлука практично домаќинствата кои што инсталирале фотонапонски електроцентрали со инсталирана моќност до 6 киловати ( кW ) и останатите потрошувачи кои што инсталирале фотонапонски електроцентрали со инсталирана моќност до 40 кW нема да плаќаат повеќе надоместок за користење на дистрибутивниот систем за вишокот на електрична енергија која што ја предаваат во мрежа – изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ да соработува за да избегне енергетска…
Економски истражувачи од различни земји ја повикаа…
Почна интервјуирањето на 42-та кандидати за новиот…
Собраниската Комисија за прашања на изборите и…
Дизелот поефтинува за 2,5 денари, од полноќ…
Регулаторната комисија донесе одлука со која се…
Почна амандманската расправа за Предлог Деловникот на…
Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања…
Марија Јаничевска е предложена за директорка на…
Марија Јаничевска е предлог за директорка на…