Метео предупредување: Следуваат екстремно високи температури до 40 степени – Се очекува голема суша
Македонија ќе ја зафати екстремно топол бран, кој ќе донесе изразито високи температури и висок УВ индекс, кој ќе достигне 10.
Ова со најавува метеорологот Славчо Поповски.
– Според последните анализи кој ние ги направивме, податоците укажуваат на тоа дека ЕКСТРЕМНО ТОПЛИОТ бран кој го најавивме за од четврток па натаму и тоа како ќе ја зафати нашата држава, и ќе услови ЕКСТРЕМНО ВИСОКИ температури на воздухот, но и ЕКСТРЕМНО ВИСОК УВ – индекс со коефициент 10 – пишува Поповски.
Тој воедно укажува дека температурите од четврток па натаму насекаде ќе се искачуваат над 30 степени, додека во централните и во југоисточните предели истите се очекува да се искачат до 40 степени, а во одредени локации дури и ќе надминуваат 40 степени.- Времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Се на се, пред нас е ГОЛЕМА СУША па затоа внимавајте на природата за да не дојде до евентуална појава на пожари, и секако избегнувајте движење во шума – препорачува Поповски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Метео: Видете какво ќе биде времето денес
Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…
Метео: Видете какво ќе биде времето денес
Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…
Метео: Од денес почнува снежната бајка во…
Времето наутро во оддделни котлини ќе има…
Метео: Видете какво ќе биде времето денес
Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…
Денес времето облачно и магловито
Променливо облачно, по одделни котлини со услови…