(Видео) ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Непознати лица се јавуваат на повозрасни граѓани, лажат дека се случила несреќа и изнудуваат пари!

t

Предупредите ги вашите родители и генерално сите повозрасни кои ги познавате дека во тек се превари по телефон со цел да изнудат пари од нив, предупредуваат граѓаните на социјалните мрежи.

– Сабајле во 8 и 30 добивме повик од лице кое прво се претставува како инспектор и сведок на сообраќајна незгода каде ваш син/ќерка повредил/усмртил дете на улица и нуди помош да се заташка случајот, секако за одредена сума на пари.

Муабетот, акцентот, дијалектот и деталите не држат вода, но првите неколку секунди во кои агресивно лиферуват потресни податоци се доволни и најстабилната личност да ја доведат у заблуда.

Нормално, вашата ќерка/син се повредени и во болница и “не можат” да разговараат како не би им го слушнале гласот. Знаат за вас колку и вие самите, ги имаат вашите податоци за сметки/пари, знаат дека сте сами, веројатно имаат поддршка и од тука и сето тоа го злоупотребуваат.

Телефонскиот број е од Романија, ликот не зборува чисто македонски, не знае каква боја е колата која ја возела ќерката и не знае во која полициска станица во Скопје се наоѓа а бил инспектор и сведок. Клучното е дека има САМО саат време да ја реши ситуацијата и брзањето + емоциите не ви дава време да размислите трезвено и пред се да се јавите на вашите за да ја проверите информацијата. Во меѓувреме дури одеше делот кај што треба да се заколните дека нема на никој да кажите ни провериме каде се луѓето и знајме дека е се во ред па почнаме да ја играјме неговата игра.

Првичната сума за мито беше 50.000 евра а после обидот да се исценкаме осети дека се заебааме и го прекина повикот.

Кажете им на вашите дека се мета, дека си играат со нивните клучни емоции и дека пред било што да направат треба да се консултираат прво со вас.

Во игра се сообраќајни незгоди, порачки, нарачки, рефундирање, банки, камати, пензии, социјална помош значи нема крај на варијациите.

Повторувајте им дека не смеат да дадат податоци од сметки, картички, телефони, матични броеви и било какви лични податоци на лица по телефон, особено ако претходно не барале некоја услуга од банка, државна институција или онлајн сервис.

Повторете им дека во било кое време можат да ве побараат и да им помогнете за вакви работи – било да сте на работа или на одмор бидејќи една од целите на нападите е жртвата да биде сама во моментот и инструкциите се строго никој да не знае што се случува дури не се “разреши” проблемот.

Повторувајте да инсистираат “проблемот” да се реши во институција, со ваше присуство и ваша помош.

Поентата е да се одолговлекува нападот за на крај напаѓачот да се откаже сам и да бара друга “полесна” жртва.

Вашите родители ви имаат кажано да не разговарате со непознати? Вашите баби и дедовци ве чувале како очите во главата кога сте биле под нивен надзор? Сега е време да му возвратите и да ги едуцирате за модерните опасности бидејќи сега тие се мета на вакви напади.

Mark Rober да си жив и здрав, пишува загрижен граѓанин на Фејсбук.

ЛИНК од објавата и видеата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Управител на градежна фирма измамил охриѓанец за…

Вчера во 16.00 часот во СВР Охрид,…

Поранешниот шеф за „различности“ на Фејсбук се…

Обвинителите велат дека измамата се потпирала на…

Германските власти издадоа предупредување поради руските шегобијци…

Германските власти се предупредени да внимаваат на…

Скопјанка измамила банкари! Ѝ дале кредит од…

СВР Скопје информира дека е поднесена кривична…

Скопјанка лажно се претставувала како вработена во…

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…