Објавено на:

Кулеба бара оружје за Украина и нови санкции за Русија по најавата за проширување на офанзивата

t

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба денеска побара повеќе оружје и дополнителни санкции за Русија.

Неговото барање уследи откако Москва најави проширување на офанзивата во Украина.

„Русите сакаат крв, а не преговори. Ги повикувам сите партнери да ги зајакнат санкциите против Русија и да ја забрзаат испораката на оружје за Украина“, напиша Кулеба на Твитер.

Претходно, шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека Москва нема исклучиво да се концентрира на источниот дел на Украина и оти преговорите меѓу Русија и Украина во сегашната ситуација немаат смисла.

Признанието на рускиот министер за надворешни работи за неговиот сон да заземе дополнителна украинска територија докажува дека Русија ја отфрла дипломатијата и се концентрира на војна и терор, посочи Кулеба.

Руските сили изминатите недели бомбардираат украински градови и напредуваат во источна Украина.

Извор: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија изгубила речиси милион и пол војници…

Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…

Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…

Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…

Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…

Русија почна да увезува горива за домашниот…

(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…

Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…

Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…

Украина во следните три до шест месеци…