Советот на ЕУ ги “шамара” властите: Македонија НЕ ПОЧНА преговори, почна фаза за отварање преговори!
Од политичката партија Левица велат дека Советот на ЕУ потврди дека преговорите за Македонија со ЕУ не се започнати, повикувајќи се на објава од официјалната веб-страница на Советот на ЕУ.
Ја пренесуваме реакцијата во целост:
СОВЕТОТ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА ПОТВРДИ ДЕКА ПРЕГОВОРИТЕ СО МАКЕДОНИЈА НЕ СЕ ЗАПОЧНАТИ – ВЛАДАТА СЛАВИ
Владата предводена од СДСМ и ДУИ изминатиов период се однесува како да живее во паралелен универзум и непрекинато изнесува информации кои секојдневно се демантираат, како од официјалните органи на Европската Унија, така и од официјалните претставниците на Бугарија.
Неизбраниот премиер на Владата без легитимитет, Димитар Ковачевски, денес организира прослава зад затворени врати, како што тие ја нарекуваат, по повод „почеток на преговорите помеѓу Република Македонија и Европската Унија“. Но, што е тоа што навистина се случува?
Во извештајот од Меѓувладината конференција на Министерско ниво за пристапување на Македонија во ЕУ стои: „Денес ЕУ ЈА ЗАПОЧНА ФАЗАТА за отворање на пристапните преговори со Македонија“, додека во истиот овој извештај за Албанија стои: „Денес ЕУ ГИ ОТПОЧНА пристапните преговори со Албанија“, – со што целосно е демантирана небулозната претстава за замајување на јавноста од страна на власта.
Манипулативното однесување на оваа Влада очигледно нема граници. Само еден ден откако Советот на Европската Унија потврди дека преговорите со Македонија не се отпочнати тие продолжуваат со своите лудории претворени во фарса. Па така, по организирањето на лажната „политичка меѓувладина конференција“ која е дел од процесот за бугаризација на Македонија, денес се одлучија за уште една прослава.
Злоупотребата на позицијата на Власт и ставањето на државата во подредена положба преку бројните предавства на македонскиот народ и држава од страна на квислингшките функционери не прекинува.Целиот овој расипнички однос од страна на „народните избраници“ грубо ги повредува националните чувства на македонскиот народ.
Врховистичката СДСМ и балистичката ДУИ, против волјата на народот, ги аминуваа фашистички и национал-шовинистички претензии на соседните држави, кои ги негираат македонската државност, јазик, историја, култура, самобитност и идентитет.
Македонскиот народ нема никогаш и по никоја цена да ги прифати ваквите анти-македонски договори, услови и уцени од страна на соседните држави бриселската бирократија. Падот на оваа Власт е неминовен! – стои во реакцијата на Левица објавена на Фејсбук.
ЛИНК од објавата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…
Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…
Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…
Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…
Левица поднесе законски измени за 50 годишна…
Левица поднесе законски измени за 50 годишна…
ЕУ мобилизира дополнителна помош за борба против…
По упатеното барање за помош од Македонија,…
Делегацијата на Левица го напушти официјалниот дел…
Левица ја напушти прославата на Мечкин Камен,…