Кои се навивачите на ЦСКА Софија: Познати се по расистичкото однесување, користат нацистички поздрав
Денеска ќе се игра мечот меѓу Македонија ЃП и ЦСКА Софија кој предизвикува големо внимание. Иако од бугарскиот клуб велат дека нема да има официјално доаѓање на навивачи и дека 60 билети се додени на пријатели на клубот нема да биде неочекувано во Скопје да пристигнат најрадикалните фанови на „црвените“.
Тие се познати по своето расистичко однесување.Англискиот тренер Алан Пардју пред неколку месеци го напушти клубот поради расистичкото однесување на дел од навивачите.
Познато е и гостувањето на ЦСКА во Рим на дуелот против Рома во Конференциската лига.По улициците на Рим тие отпоздравуваа со раширени раце кренати нагоре, карактеристично за нацистите во Втората светска војна.
Останува да видиме како ќе помине денешниот натпревар и дали се ќе биде во спортска атмосфера.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Еве како полицијата во Италија се подготвува…
Полицијата во Италија подготвува засилени контроли, надзор…
Франција распоредува 70.000 полицајци: Лувр и други…
Француските власти најавија распоредување на околу 70.000…
Сиљановска-Давкова-Бака: Потребни се реформи во меѓународните организации…
По повод одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската…
Средба на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј со…
Денеска во Рим, Неговото Високопреосвештенство, митрополитот дебарско-кичевски…
„Конц-логор, деспотство од азиски тип“: Нови навреди…
Карлос Контрера, советник во Софија и потпретседател…