(Фото+видео) Почнаа пожарите: Гори дабова шума кај Разловци, делчевско
Пожар на отворен простор во атарот на с.Разловци на планината Средна на местото викано Ќурчински колиби каде гори сува трева и дабова шума. На терен се 3 ППЕ со 1 теренско возило и 1 лице од доброволно против пожарно друштво од Делчево, а кон пожарот се упатени и една екипа од 4 шумски работници.

Зафатена е површина од околу 2-3 ха сува трева и дабова шума и поради ветерот и сувата трева пожарот се шири кон борова шума.

ТППЕ – Делчево и ЈП ШС Голак, во моментот се подготвуваат да испратат дополнително уште по една екипа пожарникари и шумски работници.
ЛИНК од видеото
(Фото и видео): Делчево 365
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЦУК: Активни се четири пожари
Активни се четири од 14 регистрирани пожари…
(Видео) Делчево ќе биде без вода најмалку…
Пукна разводен елемент во главна шахта во…
Пожарите во Штип и кај Пробиштип се…
Чистење двор или спој на разлабавени електрични…
(Фото-галерија) ООЦК Делчево годинава го освои првото…
На 24 јуни 2026 година, во преполната…
Опожарени две возила во скопски Аеродром
Во раните утрински часови во Скопје избувнал…