Објавено на:

Србија ја укина забраната за извоз на пченица и пченка

t

Владата на Србија денеска ја укина забраната за извоз на пченица и пченка.

Како што соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, оваа одлука е донесена по анализа на моменталната состојба и резервите на пченицата по жетвата во Србија.

Слободниот извоз на пченица и пченка ќе важи до почетокот на есента, до нова проценка на состојбата и вкупните резерви на клучните житни култури.

Српката Владата донесе и одлука да одобри извоз на 4000 тони рафинирано сончогледово масло на големо.

Владата на Република Србија на денешната седница донесе изменета одлука за привремената забрана за извоз на еуро дизел EН 590, со што истата се продолжува за уште седум дена, имајќи предвид дека енергетската криза на светскиот пазар се уште трае како и можноста за критичен недостиг на оваа стока значајна за граѓаните на Србија, соопштија од Владата.

Извор: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Екс фудбалер од Србија уапсен во Португалија…

Српскиот фудбалер Урош Милошевиќ (31), во средата,…

Србија не побара помош од ЕУ за…

Србија не го активирала Механизмот за цивилна…

Земјотрес ја погоди Србија

Земјотрес со јачина од 3 степени според…

Постигнати спогодби со осомничените за транспорт на…

Случајот со транспортот на марихуана од Македонија…

„Њујорк тајмс“: Русија обучувала групи во Србија…

Руски оперативци поврзани со военната разузнавачка служба…