Ангелов: Додека пожарникарска чизма не згазне на земја пожарот не е изгаснат
Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов во интервју за Сител на прашање дали годинава доколку дојде до шумски пожар би ни требало помош од надвор одговори дека хеликоптерите и авионите помагаат во гаснење на пожарите но луѓето се тие кои целосно го гаснат пожарот.
– Не знам дали знаете но во последните 7 дена имавме повеќе од 10 сериозни шумски пожари секојдневно, во текот на вчерашниот ден имавме 2 пожари, завчера имавме 3 сериозни пожари, претходно во понеделникот имавме 3 пожари, во неделата 1 пожар и во саботата 3 сериозни пожари. Тие се изгаснати релативно брзо и затоа граѓаните не знаат за нив. Хеликоптерите имаат технички ограничувања, над 38 степени Целзиусови не смеат да летат. Така што температурата е над 38 степени тие не можат да сметаат ниту на хеликоптерите. Мора да се потпреме на човечкиот фактор но има едно воено правило – додека воена чизма не згазне на боиште битката не е добиена, истото важи и за пожарите, додека пожарникарска чизма не згазне на земја пожарот не е изгаснат, хеликоптерите и авионите помагаат во гаснењето, но луѓето се тие кои што го гаснат целосно, го догаснуваат и потоа внимаваат истиот пожар повторно да не се разбуди и распали и да не се прошири, информираше Стојанче Ангелов.
Извор: Сител ТВ
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЦУК: Интелигентните камери навреме алармирале за пожарот…
Интелигентните камери на Центарот за управување со…
ЦУК: До 7:30 часот регистрирани 23 пожари,…
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира…
ЦУК: 20 пожари на отворено, еден сè…
Вкупно 20 пожари на отворен простор се…
ЦУК: Регистрирани 22 пожари на отворен простор,…
Вкупно 22 пожари на отворен простор се…
ЦУК: Активни пожари во Долнени и Кичево,…
До 13 часот денеска на територијата на…