Се ажурира “Мој ДДВ”: Еве што треба да направите за да продолжите да скенирате фискални

t

Управата за јавни приходи (УЈП) известува дека се врши прилагодување и ажурирање на апликација МојДДВ и дека за граѓаните да може да скенираат фискални сметки потребно е да направат прилагодување на апликацијата.

– Додека трае ажурирањето и прилагодувањето граѓаните за да ги скенираат фискалните сметки, потребно е во мобилната апликација во делот „профил”, во прозорчето „Тип на баркод скенер” каде што сега стои „Напреден” да ја изберат опцијата „Основен”, информират од УЈП.

Фискалните сметки кои не може да се скенираат преку опцијата „Основен”, може да се скенираат на киосците и бар код читачите што се поставени во просториите на Управата за јавни приходи.

По завршување на овој процес, Управата за јавни приходи ќе ги извести граѓаните повторно во „Тип на баркод скенер” да ја изберат опцијата „Напреден” при скенирање на фискалните сметки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почна исплатата на поврат на ДДВ за…

Почна исплатата на повратот на ДДВ за…

УЈП најави дополнителни контроли заради сомневања при…

Управата за јавни приходи (УЈП) ќе направи…

Сепак нема да има повисоко ДДВ за…

По бурните реакции во јавноста, се враќаат…

Апасиев: Немојте случајно да пуштите инспектори од…

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, на Фејсбук…

Се зголемува ДДВ-то за храната која не…

Се зголемува стапката на ДДВ од 5%…