Објавено на:

Пожарот во делчевско ставен под контрола но се уште гори и постои опасност ветерот да направи проблем

t

Пожарот меѓу делчевските села Разловци и Трботилиште околу 19 часот е ставен под контрола, но се уште постои опасност ветерот да ја проблематизира состојбата и да му даде друг правец на огнот, вели за МИА портпаролот на Општина Делчево Даниела Таќева.

Првичната проценка е дека и во Пијанец е зафатена површина, односно шума од околу 50 хектари.

Таќева вели дека гори сува трева, дабова и борова шума во Пијанечкиот регион, а во гаснењето на пожарот се вклучени над 30 лица пожарникари, вработени во Шумското стопанство, Доброволното противпожарно друштво, полициски службеници, како и припадници на граничната полиција „Исток“, а месното население е вклучено со механизација кое прави бразди за да не се проширува огнот. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЦУК: Активни се четири пожари

Активни се четири од 14 регистрирани пожари…

(Видео) Делчево ќе биде без вода најмалку…

Пукна разводен елемент во главна шахта во…

Пожарите во Штип и кај Пробиштип се…

Чистење двор или спој на разлабавени електрични…

(Фото-галерија) ООЦК Делчево годинава го освои првото…

На 24 јуни 2026 година, во преполната…

Опожарени две возила во скопски Аеродром

Во раните утрински часови во Скопје избувнал…