Објавено на:

Армиски хеликоптер и ер-трактор утре ќе се вклучат во гасењето на пожарот во беровско

t

Еден армиски, еден полициски хеликоптер и ЕР-трактор утре уште во раните утрински часови ќе интервенираат од воздух врз шумата која гори меѓу беровските села Будинарци и Митрашинци, вели за МИА директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Доцна попладнево армискиот хеликоптер направил само извиднички лет, од кој се добиени координатите и планот за утрешното гаснење на пожарот од воздух.

Ангелов вели дека се собираат и теренски возила кои можат да носат и поголеми количини на вода, со цел да се делува истовремено и од земја.

Градоначалникот на Општина Берово Звонко Пекевски побарал и од соседните општини да се вклучат во гаснењето на овој голем шумски пожар, кој е во непристапен планински предел.

Пекевски вели дека вечерва има дежурни екипи кои ќе внимаваат на неколку објекти – бачила со стока во овој планински предел.

Огнените јазици се на далечина од шест километри од регионалниот пат Берово – Виница и засега нема опасност по населените места во регион.

Според информациите од пожарникарите, зафатена е шума од над 50 хектари, а пожарот брзо се шири поради ветерот. Огнените јазици не се ставени под контрола, а исто така го гасењето на пожарот е вклучено и месното население по повикот за негова мобилизација од страна на градоначалникот Пекевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детали за пожарите низ Македонија: Гори речиси…

Регионалниот ЦУК Битола, известува дека на Плакенска…

Два земјотреси во две минути во Делчево…

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на…

Велешанец запалил стари седишта од автомобил и…

Основното јавно обвинителство Велес поднесе Обвинителен предлог…

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Емотивен статус на битолскиот пилот на „ер…

Васко Михалчев, еден од пензионираните пилоти на…