Објавено на:

Распуштен италијанскиот Парламент: Италија оди на избори

t

Претседателот на Италија, Серџо Матарела денеска го распушти Парламентот по падот на коалициската влада на премиерот Марио Драги.

Сè уште не е одреден датумот на парламентарните избори, но италијанскиот Устав предвидува тие да се одржат во рок од 70 дена од распуштањето на Парламентот.

Матарела истакна дека се одлучил за вонредни парламентарни избори, осум месеци пред истекот на мандатот на актуелниот парламентарен состав, бидејќи недостигот на поддршка за Драги покажал дека не постои можност да се формира друга влада која ќе има поддршката од мнозинството пратеници.

Драги утрово ја достави до Матарела оставката откако се распадна владејачката коалиција, што претставува сериозен удар за Италија, но и за Европа, во време на економска неизвесност предизвикана од пандемијата со ковид-19 и руската инвазија врз Украина.

Политичката криза ја погоди Италија, трета по големина економија во еврозоната, во време кога земјата се бори со висока инфлација.

Како и многу други земји, Италија се соочува со зголемени цени од храна до комунални услуги, како резултат на руската инвазија врз Украина, а земјата исто така е погодена од долготрајна суша.

Извор: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД, Италија, Романија и Бугарија одржуваат голема…

Единици на САД, Италија, Бугарија и Романија…

КФОР им додели медали на војници од…

Свечена церемонија за доделување медали на војници…

(ФОТО) Италија воодушевена од акцијата на припадник…

Италијанските карабинери објавија информации за херојскиот потфат…

Тага во Италија по смртта на папата:…

По веста за смртта на папата Франциско,…

Докторка од Италија која го лекувала штипјанецот…

Директорката на Педијатриската клиника на Универзитетската болница…