Нови имиња на Википедија: Пендаровски стана Стево Стока откако вчера министерот Бујар Османи беше запишан како Бугар Османи
На интернет сајтот Википедија денеска ново име доби и претседателот Стево Пендаровски, откако вчера истото беше направено и за министерот Бујар Османи.
Пендаровски денеска на Википедија е запишан како „Стево Стока Пендровски“, откако вчера му беше сменето името на Бујар Османи во Бугар Османи.

Тие што му го смениле името на Пендаровски алудираат на неговата изјава од порано во која тој рече дека „граѓани биле ставани во автобуси како стока и носени на гласање“.
Нека не биде сфатено малициозно, но овие примери доволно зборуваат што значи смена на името за идентитетот на државата, како што тоа беше сторено со Република Македонија, а за што поддршка имаше и од Пендаровски и од Османи, кои не убедуваа дека „ништо не се менува“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Политичкото лешинарство има име Венко Филипче,…
Денес СДС најави протест во Охрид каде…
Дијана Хрка: Очекувам да се утврди одговорност…
Дијана Хрка, мајка на Стефан Хрка, кој…
Се урна воен авион на Војската на…
Во близина на населените места Нова и…
Предложен притвор за семејно насилство во Битола
Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против…
Тешко повреден е македонски државјанин во Италија…
Македонски државјанин (57) во Италија е тешко…