Тешко повреден е македонски државјанин во Италија – паднал од скала на градилиште

t

Македонски државјанин (57) во Италија е тешко повреден при несреќа на градилиште откако паднал од скала.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, поради сериозноста на повредите со хеликоптер е пренесен во болница во градот Удине.

Несреќата се случила вчера, а информациите се дека работникот се качувал по скала кон натстрешница за да ослободи исечено дрво, заглавено на покривната конструкција. Од неутврдени причини, во еден момент паднал од височина.

Здравствената состојба му е сериозна, а лекарите засега не даваат прогнози за неговото закрепнување.

Не се објавени ниту дополнителни лични податоци за повредениот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тешко повреден е македонски државјанин во Италија…

Македонски државјанин (57) во Италија е тешко…

Италија ја казни „Мета“ со рекордни 805…

Италијанската Агенција за заштита на личните податоци…

Италија планира казни до 160 евра за…

Италија наскоро би можела да воведе казни…

Италија сака да воведе данок за богатите…

Италијанската влада предложи нова даночна мерка што…

Италија и Шпанија ги укинуваат граничните контроли…

Италија и Шпанија денеска се согласија да…