Објавено на:

“Можен е воен одговор”: Кина со последно предупредување за САД!

t

Кина упати остри приватни предупредувања до Бајденовата администрација за можната посета на претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес Ненси Пелоси на Тајван во август, објави во саботата Фајненшл тајмс, а пренесе Ројтерс.

Фајненшл тајмс се повикува на изјавите на шест лица запознаени со кинеските предупредувања односно заканите, истакнувајќи дека тие се значително посилни од заканите што Пекинг претходно ги упатувал кога не бил задоволен од американската политика или потезите кон Тајван.

Кина го смета Тајван за своја територија.

Приватната реторика сугерира дека е можен кинески воен одговор, пишува Фајненшл тајмс, повикувајќи се неколку лица запознаени со ситуацијата.

Белата куќа, Советот за национална безбедност и Стејт департментот одбија да го коментираат извештајот, додека кинеското министерство за надворешни работи не одговори веднаш на прашањата на Ројтерс во неделата.

Фајненшл тајмс во понеделникот објави дека Пелоси планира да го посети Тајван во август.

Кинеското министерство за надворешни работи следниот ден соопшти дека нејзината посета на Тајван сериозно ќе го поткопа кинескиот суверенитет и територијален интегритет и дека во тој случај САД ќе ги сносат последиците.

Во средата, американскиот претседател Џо Бајден рече дека планира да разговара со кинескиот претседател Си Џинпинг до крајот на месецот.

Бајден рече дека Пентагон не ја поддржува најавената закажана посета на Ненси Пелоси на Тајван и изрази сомневање дека Пелоси ќе го посети Тајван.

„Мислам дека војската смета дека тоа не е добра идеја во моментов, но не знам каков е статусот“, им рече Бајден на новинарите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ФБИ нуди награда за информации поврзани со…

Федералното истражно биро на САД (ФБИ) понуди…

Амбасадата на САД во Приштина му се…

В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…

Познато е кој ја уби демократската претставничка…

Осомничениот за атентатот и обидот за атентат…

Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…

Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…

УЖАС во САД: Убиени пратеничка на демократите…

Минесота е во шок откако државната претставничка…