Што ќе остане од Украина? Херсон и Запорожје започнаа подготовки за референдум за соединување со Русија
Властите на регионите Херсон и Запорожје во Украина најавија одржување референдум за присоединување кон Русија.
Во областа Запорожје денеска е потпишан указот за формирање на изборна комисија за спроведување на референдумот за приклучување кон Русија, соопшти шефот на воено-цивилната администрација на тој регион, Евгениј Балицки, во објава на својот канал на Телеграм. Во моментов извршуваме подготвителни работи во повеќе сфери, вклучително и законодавната“, напиша Балички, пренесува ТАСС.
Изборна комисија ќе биде формирана и во Херсонската област со цел да се одржи референдум за приклучување кон Русија и избори, соопшти прес-службата на администрацијата на тој регион, пренесува Танјуг.
„Со уредба на воено-цивилната управа на Херсонската област од 22 јули 2022 година се формира изборна комисија од седум члена со мандат од три години и се издава покана за поднесување кандидатури“, се наведува во соопштението и нагласува дека „жителите на ослободениот регион Керсон“ ‘ имаат целосно право да го изразат своето мислење за иднината на нивниот регион.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија изгубила речиси милион и пол војници…
Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…
Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…
Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…
Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…
Русија почна да увезува горива за домашниот…
(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…
Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…
Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…
Украина во следните три до шест месеци…