Господ да им е на помош на пожарникарите: Видео од пожарот кај Ѓавото

t

Од Центарот за управување со кризи споделија видео од гасењето на пожарот кај селото Ѓавото.

Пожарот започнал како пожар в поле, а подоцна се проширен во шума на место викано Погана помеѓу Гевгелија и Богданци. Во гаснењето на пожарот прво интервенирале 12 пожарникари со 4 пртивпожарни ПП возила од ТППЕ Гевгелија и 4 лица од Национални шуми подружница Гевгелија. Потоа, на помош, дошле од Општина Богданци, а и мештаните се вклучиле да помогнат за да се гаси.

Пожарот, заради метеоролошките услови со ветер и теренските услови – непристапност и густа трнеста вегетација, локално позната како прнар, се проширил во обем за загрозување на пумната станица за вода Ѓавато за Дојранско Езеро и просторот под големите ветерници во таа околина, а и за селото Ѓавато.

Заради временски услови и краток временски интервеал на дејствување хеликоптерот нема да полета денес според известувањето на ОЦ на ГШ на Армијата. Пуштено е втрото барање и се планира утре во 05:00 часот хеликоптерот да дејствува во гаснење на пожарот на место викано Погана. Според последните информации пожарот се движи кон куќите во с.Ѓавато.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЦУК: Активни се четири пожари

Активни се четири од 14 регистрирани пожари…

Пожарите во Штип и кај Пробиштип се…

Чистење двор или спој на разлабавени електрични…

Опожарени две возила во скопски Аеродром

Во раните утрински часови во Скопје избувнал…

(Видео) Гори амбасадата на Пакистан во Белград

Пожар избувна утрово во зградата на амбасадата…

Мачки активирале рингли во Баварија и предизвикале…

Две мачки предизвикале голем пожар во стан…