Шампионскиот појас на Мухамед Али продаден за шест милиони долари
Шампионскиот појас на еден од најдобрите боксери на сите времиња Мухамед Али од легендарната борба со Џорџ Форман од 1974 година во Заир е продаден на аукција за 6.18 милиони долари.
Како што синоќа соопштија американските медиуми, најголем износ на аукцијата во Далас понудил сопственикот на НФЛ тимот Индијанаполис, Џим Арсеј, и шампионскиот појас на Али сега е во неговата лична колекција.
Појасот ќе биде изложен на 2 август во Чикаго, а на 9 септември во Индијанаполис.
Борбата меѓу Али и Форман од 30 октомври 1974 година во Киншаса, наречена „Татнеж во џунглата“ (Rumble in the Jungle), е една од најпознатите во историјата на боксот. Али во Заир го нокаутираше Форман во осмата рунда и ја врати титулата светски првак во тешка категорија.
Мухамед Али почина на 3 јуни 2016 година, на 74-годишна возраст, од компликации предизвикани од Паркинсонова болест, од која боледуваше последните три децении од животот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Метеорит од Марс откри траги од древна…
Меѓународен тим научници можеби се приближил еден…
Тошковски: 25 години ЕБР – четврт век…
Единицата за брзо распоредување (ЕБР) денеска во…
(Видео) Ангелов: Ова е еден од најтешките…
Повеќе од 15 пожари на отворен простор…
Украина отвора 100.000 работни места за ветераните…
Украинската влада подготвува нова програма за отворање…
Сателитски податоци откриваат масовно ширење на алгите…
Глобалните океани влегуваат во фаза на брзо…