Шефот на португалската дипломатија утре во посета на Македонија: Ќе се сретне со Османи, Пендаровски, Ковачевски
Министерот за надворешни работи Бујар Османи утре ќе биде домаќин на Жоао Гомеш Кравињо, шефот на дипломатијата на Португалија, кој престојува во официјална посета на Република Македонија.
Како што соопшти МНР, на средбата е предвидено да се разменат мислења за евроинтегративниот процес на нашата држава, билатералните односи и перспективите за нивното натамошно унапредување, со посебен осврт на економските релации и можностите за нивно зајакнување.
Предвидено е двајцата министри да одржат тет-а-тет средба, ќе следи пленарен состанок меѓу делегациите на двете земји, а потоа и заедничка прес – конференција на Османи и Кравињо.
Покрај средбата со својот хомолог, португалскиот министер за надворешни работи ќе биде примен од претседателот Стево Пендаровски, а ќе има одделни средби и со претседателот на Владата, Димитар Ковачевски и со заменик претседателот на Владата, задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
Во Португалија протести поради трошоците за живот…
Неколку движења за правата на станарите и…