Полска е против предлогот за задолжителни заштеди на гас на ЕУ
Полска е против предлогот на ЕУ за задолжителни заштеди од 15 проценти во потрошувачката на гас со оглед на тензиите со Русија.
– Можеме да зборуваме за доброволни механизми, можеме да зборуваме за заштеди во одделни земји, рече министерката за животна средина и клима, Ана Москва. Но, таа додаде дека е тешко да се согласи со целта за целосно штедење „без да се знае каква ќе биде зимата што доаѓа“.
Според неа, складиштата за гас во Полска „веќе се полни“.
Германија се соочува со енергетска криза, а рускиот државен енергетски гигант Газпром соопшти дека ќе го намали протокот на гас преку гасоводот Северен тек 1 до Германија до 20 проценти од максималниот капацитет, наведувајќи како причина поправки на друга турбина.
Германските политичари стравуваат дека тоа е измама и е руска одмазда за германската поддршка за Украина по инвазијата од страна на Москва, која се соочи со санкции на ЕУ, потсетува ДПА.
Министрите за енергетика на ЕУ утре во Брисел ќе разговараат за предлогот на Комисијата за заштеда од 15 отсто.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Mицкоски: Наместо со ЕУ интеграциите да си…
Премиерот Христијан Мицкоски во понеделникот се обрати…
Памер: Македонија направи одлична работа и ќе…
„Северна Македонија направи одлична работа во однос…
Австралија не разговара со ЕУ за придружно…
Австралиската влада реагираше за Euronews на најавата…
(Видео) Сирени во Полска, дрон падна на…
Дрон со млазен погон паднал или бил…
Мецола: Австралија и Нов Зеланд може да…
Земји како Австралија и Нов Зеланд би…