ЕУ се жали: Намалувањето на протокот на гас од Гаспром е политички мотивирано
Најавата на рускиот гасен гигант Газпром дека оваа недела дополнително ќе ја намали испораката на гас во Европа е политички мотивирана, изјави денеска шефот на енергетската политика на Европската унија, Кадри Симсон.
Таа ги оспори наводите на рускиот гасен холдинг дека поради редовно одржување мора да ја прекине работата на друга турбина на гасоводот Северен Ток 1, со што ќе се намали протокот на гас преку тој гасовод до Германија.
Знаеме дека нема техничка причина за тоа. Ова е политички мотивиран чекор и мораме да бидеме подготвени за тоа. Токму поради оваа причина, превентивното намалување на потрошувачката на гас е мудра стратегија“, рече Симсон по пристигнувањето во состанокот на министрите за енергетика на ЕУ во Брисел, пренесува Ројтерс.
Таа додаде дека очекува министрите да постигнат договор за вонредните правила на ЕУ кои бараат од земјите да ја ограничат својата побарувачка за гас.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фон дер Лајен: Време е за Европска…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Калас: ЕУ мора побрзо да се вооружува…
Европската унија треба да го забрза процесот…
Европската комисија ги повика земјите од ЕУ…
Европската комисија ги повика земјите-членки на Европската…
ВЛЕН: Партнерството со САД и проширувањето на…
Од Вашингтон до Њујорк, првиот вицепремиер и…
ЕУ отпушта 3 милијарди евра за Украина…
Амбасадорите на земјите од ЕУ потврдија дека…