(Фото+видео) Три големи пожари утрово, најголемиот кај Криволак: Ангелов на терен го надгледува гасењето
Рано утрово, директорот на ЦУК Стојанче Ангелов со полициски хеликоптер изврши извидување на трите активни пожари.
Најголемиот пожар е на дел од подрачјето на воениот полигон Криволак каде што во моментов со дејство врз огнот започнаа еден армиски и еден полициски хеликоптер.
Воените магацини се дополнително осигурани и се безбедни.
На лице место на Криволак е и директорот на ЦУК Ангелов.

Вториот пожар е нов пожар што е забележан за време на сегашното утринско хеликоптерското извидување и се наоѓа во атарот на с. Калуѓерица во близина на магистралниот пат Радовиш – Струмица каде што е зафатена дабова шума и постои можност за проширување. Кон овoј пожар се упатени екипи од ТППЕ Радовиш со теренско ПП возило.
Третиот пожар е пожарот што во текот на вчерашниот ден гореше во атарот на с. Требичино, во Општина Василево, Струмичко.
Пожарот во текот на ноќта го намалил својот интезитет, утрово чади на некои места, но нема активен оган.

Во случај на потреба за дополнително воздушно дејствување по пожарт, на располагање стои и ,,ер тракторот” на ДЗС.
Укажуваме дека состојбата се менува постојано и во моментот на објавување на оваа информација веќе може да има промена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Запалена спортска обложувалница во Аеродром
Спортска обложувалница во Аеродром била запалена во…
Изгорела куќа на гурбетчии во Шуто Оризари,…
Вчеравечер полицијата примила пријава дека е запалена…
(Видео)Пожар во зграда до бараките на општина…
Доцна вечерва избувна пожар во близина на…
Македонската армија ќе одржи методско-показна вежба на…
Премиерот Христијан Мицкоски, амбасадорката на САД во…
Пожар во фурна во Криволак
Во ОВР – Неготино рано изутрина, во…