Јапонија, САД и Австралија ќе учествуваат на заедничките воени вежби во Индонезија
Следниот месец јапонските одбранбени сили за првпат ќе учествуваат на воени вежби во Индонезија заедно со САД и Австралија, изјави денеска јапонскиот премиер Фумио Кишида по разговорите со индонезискиот претседател Џоко Видодо.
Двајцата лидери, исто така, се согласија дека двете земји треба поблиску да соработуваат во областа на енергетиката, а Кишида рече дека Индонезија е „клучен стратешки партнер на Јапонија”. Заедничките воени вежби се наречени штитот Гаруда, а ќе се одржат во Индонезија почнувајќи од 1 август годинава, додаде Кишида.
Вашингтон рече дека вежбите, во кои обично се вклучени само Индонезија и САД, ќе бидат „значително поголеми по обем” отколку во претходните години. Договорено е и Јапонија да и одобри заем на Индонезија во износ од 318 милиони долари за инфраструктурни проекти и превенција од катастрофи, посочи Кишида.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД им се заканија на Германија и…
Владата на САД ги предупреди Германија и…
Номинираниот амбасадор на САД во Бугарија: Во…
Номинираниот за нов амбасадор на Соединетите Американски…
Трамп најави планови за јужнокорејски инвестиции од…
Американскиот претседател Доналд Трамп во средата најави…
Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…
Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…
Америка ја продолжи лиценцата за НИС до…
Канцеларијата за контрола на странски средства при…