Села за Русковска и истрагата за Муареми: Одлично си ја врши работата, нема правна држава ако одговорност има само кога си во опозиција

t

Зијадин Села во изјава за Инфомакс ја поддржа постпката против директорот на Финансова полиција, Арафат Муареми поздравувајќи ја работата на шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска .

Претседателот на Алијансата за Албанците напоменува дека ова е исчекор во вистинската насока имајќи во предвид дека 30 години во Македонија се бара одговорност од функционерите по промена на власта, а за прв пат одговараат луѓе кои се се уште на функција и дел од власта.

-Од медиуми се запознав со случајот. Јас секогаш зборувам како лидер на албанската опозиција говорам за потребата за промена. За жал во држави како Македонија секогаш се говори за одговорност кога заминуваш во опозиција. Ова сега е нешто ново што го прави Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција каде што имаме случај во кој се гони друга институција и функционер на институција која е на власт. Тоа е нешто ново и што треба да биде. Во нормални и демократски држави одговорност се дава кога си на власт, а не само кога одиш во опозиција. Затоа јас ја поздравувам, на крај ова е причината зошто постои таа институција и треба да се занимава со гонење на организиран криминал и коруција. Како што треба сите институции да си ја вршат својата работа, вели Села.

за села нелогично е однесувањето на Муареми кој се заканува дека ќе го тужи обвинителството бидејќи истражување и детектирање на криминал е во опис и попис на работното место обвинител во секоја држава. Тој напоменува дека Муареми ако не се огрешил пред законот не треба да се грижи.

Нелогична ми е заканата дека ќе се тужело обвинителството за пречекрување на овластувањата. Тоа е смешно бидејќи обврска на обвинителството да следи каде има криминал и корупција ако има да отвори предмет, ако нема не треба да се отвори предмет. Од друга страна ја ценам изјавата на Русковска што таа изјава треба сите сериозно да ја сфатиме. Таа излезе и кажа дека има недостиг на обвинители во ова обвинителство каде што се највисоки платите. Единствено обвинителство кое се занимава со гонење на корупција и организиран криминал, а таму нема заинтересирани обвинители. Тоа докажува дека криминалот е посилен од обвинителството. Тоа покажува за жал дека институциите од државата, обвинителот се плаши од криминалците кои се во позиција и на функција и се над институциите на државата, додава тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Раст на смртноста во Македонија: Најчести причини…

Бројот на починати во државата во изминатата…

(Видео) Надреални сцени од Белата куќа, Трамп…

Неколку играчи на Јувентус, заедно со тренерот…

(Видео) Арсовска: Вики, не глуми, какво поткровје…

Ова е објава за читање за сите…

Американски разузнувач: Супербомбата на Пентагон можеби е…

Поранешниот американски разузнавачки службеник, Метју Шумејкер, предупредува…

Цеца овој пат спиела: Двајца прилепчани фрлиле…

Битолската полиција поднесе кривична пријава против двајца…