(Видео) Турците го скандираа името на Путин додека Украинците славеа постигнат погодок
Навивачите на Фенербахче ги провоцираа приврзаниците и фудбалерите на Динамо Киев скандирајќи го името на рускиот претседател Владимир Путин, на денашната средба во Истанбул, во рамки од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите.
Се започна откако Виталиј Бујалски постигна гол во 57. минута и лудо го прослави водството на Динамо Киев. Во таа прилика се сврте кон турските навивачи и ги испровоцира, а набрзо следеше реакција.
На „Стадионот Улкер“ на азиската страна на Истанбул одекнуваше името на Владимир Путин, инсинуирајќи ја војната што Русија ја води со Украина.
На крајот причина повеќе за славење имаше Динамо кој славеше по продолженијата и се пласираше понатаму (1-2).
Извор: gol.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Ангелов: Ова е еден од најтешките…
Повеќе од 15 пожари на отворен простор…
Украина отвора 100.000 работни места за ветераните…
Украинската влада подготвува нова програма за отворање…
Сателитски податоци откриваат масовно ширење на алгите…
Глобалните океани влегуваат во фаза на брзо…
Монструозен случај: Татко го оставил седумгодишниот син…
Наместо да продолжи со семејното искачување, седумгодишно…
Американски суд ја поништи забраната на Трамп…
Американски суд ја поништи забраната на Трамп…