Ким Јонг-Ун се закани: Може да употребиме нуклеарно оружје во случај на војна со САД!
Севернокорејскиот лидер Ким Јонг-Ун предупреди дека е подготвен да употреби нуклеарно оружје во евентуален воен конфликт со САД и Јужна Кореја, јави севернокорејската државна новинска агенција КЦТА.
„Нашите оружени сили се целосно подготвени да одговорат на секоја криза, а нашите единици за нуклеарно одвраќање се исто така подготвени да се мобилизираат со полна сила”, рече тој.
Лидерот на Северна Кореја ги обвини САД дека ја „демонизираат” неговата земја и на тој начин ја правдаат својата непријателската политика кон неа.
Фактот што Вашингтон ги осудува рутинските воени активности на Пјонгјанг, а истовремено одржува воени вежби со Јужна Кореја, за Ким Јонг-ун се јасен доказ за доејните стандарди на САД.
Во својот говор, Ким го опиша јужнокорејскиот претседател како „опседнат со конфронтација”, обвинувајќи го дека оди уште подалеку од неговите претходници.
Изјавата на севернокорејскиот претседател доаѓа во време кога Пјонгјанг ја одбележува 69-годишнината од крајот на Корејската војна, а во услови кога Вашингтон и Сеул изведуваат летни воени маневри.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Номинираниот амбасадор на САД во Бугарија: Во…
Номинираниот за нов амбасадор на Соединетите Американски…
Трамп најави планови за јужнокорејски инвестиции од…
Американскиот претседател Доналд Трамп во средата најави…
Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…
Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…
Америка ја продолжи лиценцата за НИС до…
Канцеларијата за контрола на странски средства при…
Катар тврди дека сè уште посредува меѓу…
Катар продолжува да посредува и да пренесува…