Во функција ќе биде ставен и третиот блок на РЕК Битола

t

Не чека една од најтешките зими во последните децении. Направени се сите подготовки. При крај сме со набавката на соодветните количини на мазут и јаглен со цел да се зголеми домашното производство на електрична енергија, изјави министерот за економија Крешник Бектеши.

Тој на гостувањето во централниот дневник на телевизија „Сител“ рече дека во функција ќе биде ставен и третиот блок на РЕК Битола.

– Целата претходна зима ја поминавме со двата блока во РЕК Битола и во одредени периоди работеше и блокот во Осломеј, а како замена го вклучивме ТЕЦ Неготино, кој не е вклучен од 2009 година, за да произведува електрична енергија. Оваа година дополнително на тоа ќе се стави во функција третиот блок во РЕК Битола. Веќе ЕСМ, согласно сите информации, склучил договор за да се направи ремонт на трансформаторот, а дополнително ќе набави и друг трансформатор во случај да не се повтори таква хаварија, нагласи Бектеши.

Ги повика граѓаните и институциите да штедат електрична енергија со цел да се намали товарот врз ЕСМ и да има можност вишокот на електрична енергија да го насочи кон стопанството. Во моментот кога ќе се прогласи кризна состојба, како што посочи Бектеши, може да им се наложи на институциите кои се под надлежност на Владата да штедат енергија, а за граѓаните ваквите апели ќе биде во форма на препораки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Левица Битола: Шминкерски и неупотребливи проекти…

*Објава на Левица Битола КАТАСТРОФАЛНИ ВЕЛО -…

(Видео) Вака изгледаат 500.000 евра во Битола:…

500.000 евра чинела патеката која се сопнува…

ХОРОР во Битола! Внука се обидела да…

Внука се обидела да ги убие сопствените…

24 години од нападот кај Гајре, во…

Денес се навршуваат 24 години од нападот…

МОН ќе чека да заврши кривичната постапка,…

Од Министерството за образование и наука денеска…