За да нема „затворски туризам“: Работна група ќе ги утврдува сите аномалии на Законот за извршување на санкции
Со цел да се надминат сите состојби кои се однесуваат на т.н „затворски туризам“ односно начинот на упатување на осудените лица на казна затвор како и други проблеми и решенија кои се во насока на усогласување на Законот за извршување на санкциите со меѓународните стандарди од областа на извршувањето на санкциите, Министерот за правда со решение уште од 16.06.2022 година формира работна група задолжена да работи на измени и дополнувања на Законот за извршување на санкциите.
Работната група почна со својата работа на 07.07.2022 година а на состанокот беа разгледани повеќе предлози доставени од надлежни институции. Беше утврдена и динамиката на работа на работната група а се дадоа и задолженија со цел обезбедување на податоци кои ќе бидат неопходни на работењето за следниот состанок. Доставени се барања до сите основни судови и судови со проширена надлежност на РСМ со цел да дадат свои конкретни предлози во однос на примената на Законот за извршување на санкциите, примената на институтот условен отпуст на осудени лица, прекин на казна на осудени лица и др. Во моментов стручните служби на Министертсвото за правда и Управата за извршување на санкциите работат на прибирање и обработка на овие податоци – се наведува во соопштение на Министерството за правда.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британија има околу 940 албански затвореници: Трансферот…
Албанските државјани веќе седум години се најбројната…
Хрватска го проширува системот за рано откривање…
Системот за видео надзор за рано откривање…
Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на…
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да…
Барнам од Киев: Украина е првата линија…
Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…
Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…
Во рамките на работната посета на Израел,…