Град Скопје: По бројни наследени проблеми, булеварот Киро Глигоров во завршна фаза
Реконструкцијата на булеварот Киро Глигоров, која почна во август 2021 година, интензивно се одвива и е во завршна фаза. На терен се изведени обемни работи на реконструкцијата на коловозите, како и изведба на нова атмосферска и фекална канализација.
Извршена беше реконструкција на булеварот во должина од 1.450 метри. Во периодот на интензивирањето на градежните работи, најнапред беше реконструиран коловозот во делот од улицата Перо Наков до Естекада со изградба на фекална канализација на западниот дел, по што се изгради атмосферската канализација на источната страна. При реализацијата на реконструкцијата на булеварот изведена е атмосферска канализација со вкупна должина од 682 метри и нова фекална канализација во должина од 1.218 метри при што потребно е да се поврзе со приклучна шахта од колекторот, кој е инвестиција на Министерството за финансии.

Поради налози за стопирања на работите и покренат судски спор поради несогласувања во фази на изградба предизвикани од претходното раководство, проектот доцнеше со изградба, но со засилен ангажман за надминување на предизвиците конечно се завршуваат работите на санирањето на асфалтот на тој дел на булеварот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Преговори за нов попуст: ќе продолжи ли…
Ќе плаќаат ли возачите помалку за дизел…
Барнам: Британија се соочува со „економска катастрофа…
Велика Британија се соочува со „економска катастрофа…
Болтон: „Зеленски нема добро да помине ако…
Џон Болтон, поранешен советник за национална безбедност…
Макрон во посета на земјите од Персиски…
Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска почна…
Францускиот долг ја загрижува Европа: Може ли…
Растечките трошоци за задолжување и политичката неизвесност…