Блинкен “го притиснал” Лавров: Анексијата на Украина е неприфатлива
Американскиот државен секретар Антони Блинкен му порача на својот руски колега Сергеј Лавров дека руската анексија на Украина никогаш нема да биде прифатена, јави ДПА.
Блинкен појасни дека освен на тема за можна размена на затвореници, тој го одржал разговорот со Лавров во конекст на неодамнешните изјави од Кремљ за плановите да се продолжи со понатамошна анексија на украинската територија.
Тој ги коментираше зборовите на самиот Лавров за уривање на демократски избраната украинска влада, велејќи: „Тие планови никогаш нема да бидат прифатени”.
– Светот нема да признае анексии, ќе и наметнеме дополнителни значителни трошоци на Русија доколку таа продолжи со своите планови, соопшти Блинкен по првиот разговор меѓу двајцата министри од почетокот на војната во Украина.
– Ние, исто така, ќе продолжиме да стоиме со поддршката на Украина за нејзината способност да се брани и да наметне загуби за Русија додека таа не стави крај на својата агресија, рече Блинкен.
Американскиот државен секретар изјави и дека разговарал со неговиот руски колега а можното ослободување на двајца американски државјани затворени од Москва
Тој соопшти дека имал „искрен и директен разговор” за понудата за ослободување на американската кошаркарка Бритни Гринер и на Пол Вилан.
– Го притиснав Кремљ да го прифати суштинскиот предлог што го дадовме за ослободување на Пол Вилан и Бритни Гринер, рече Блинкен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија изгубила речиси милион и пол војници…
Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…
Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…
Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…
Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…
Русија почна да увезува горива за домашниот…
(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…
Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…
Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…
Украина во следните три до шест месеци…