Ковачевски „комита“ на Мечкин Камен, Џафери „партизан“ во Пелинце, а Пендаровски фамилијарно
За најголемиот македонски национален празник 2 Август – Илинден во Македонија традиционално ќе се одржат повеќе манифестации и народни собири бидејќи празникот е и верски.
Според најавите за учество на државниот политички врв премиерот Димитар Ковачевски излегува „комита“ на Мечкин Камен во Крушево, собранискиот спикер Талат Џафери „партизан“ во Пелинце, а претседателот и врховен командант на вооружените сили на Македонија, Стево Пендаровски „бега“ од народните собири и ќе остане во кругот на Вила Водно.
Пендаровски, во вторник ќе положи цвеќе на Споменикот на паднатите борци од НОБ во Алејата на великаните на градските гробишта во Бутел и ќе се поклони на гробовите на поранешните претседатели Киро Глигоров, Борис Трајковски и генерал Михајло Апостолски.
Потоа на платото пред својот кабинет на Водно ќе се обрати и ќе додели одликувањата и ордени.
Премиерот Димитар Ковачевски за Илинден ќе одржи говор на Мечкин Камен во Крушево, потврдија од Владата.
Свечената програма во организација на Владата започнува во 11:30 часот, со положување цвеќе на Мечкин.
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, на Илинден ќе држи говор во Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на 2 Август традиционално, како што соопштија од партијата, ќе биде во Ташмаруниште.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ја запалил колата на мајка си, па…
28-годишен скопјанец е приведен откако, според сомневањата…
Непочитување на прописите придонело да загине работник…
Основното јавно обвинителство Охрид поднесе Обвинителен предлог…
Златото бележи остар пад на берзата –…
Цената на златото на американскиот пазар забележа…
Дугин воодушевен од изгледот на новиот претседател…
Рускиот филозоф и идеолог Александар Дугин се…
Паднал семафорот кај Гостивар, по патот има…
Силниот ветер вечерва предизвикува проблеми и материјална…