Дугин воодушевен од изгледот на новиот претседател на српското Собрание: „Токму така треба да изгледа христијанин“
Рускиот филозоф и идеолог Александар Дугин се огласи по изборот на Александар Чупиќ за претседател на Народното собрание на Србија.
Дугин на социјалната мрежа Икс објави фотографија од Чупиќ во собраниската сала, на која се гледа неговата долга седа брада. Покрај фотографијата, тој напиша краток коментар на англиски јазик.
„Александар Чупиќ, новиот претседател на Собранието на Србија, изгледа токму онака како што треба да изгледа еден нормален традиционален христијанин. Одлично“, напиша Дугин. Објавата ја заврши со пораката „Да живее Србија“, напишана на кирилица.
Дугин е еден од најпознатите руски националистички идеолози и застапник на евроазиската идеја. Неговата ќерка, Дарја Дугина, беше убиена во експлозија на автомобил во близина на Москва во август 2022 година.
Чупиќ е кандидат на Студентската листа и професор на Сообраќајниот факултет во Белград. Тој беше избран во четвртокот, по тридневна расправа.
За него гласаа 140 од вкупно 239 пратеници, додека за Стојан Раденовиќ, кандидатот на Српската напредна партија, гласаа 97 пратеници.
Дугин не е првиот што го коментира изгледот на Чупиќ. Југослав Гашиќ, пратеник од Студентската листа, образложувајќи ја неговата кандидатура, го опиша како „живо олицетворение на античкиот идеал на калокагатија“.
Овој опис предизвика бројни реакции и коментари во Србија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ : Србија нема да воведе caнкции…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека…
ХОРОР: Марија, мајката на убиеното дете Александар…
„Нефункционалните институции ми го убија детето. Мојот…