(Видео) Над 125 повредени: По упадот во ирачкиот парламент демонстрантите рушеа бетонски блокови!
Илјадници приврзаници на шиитскиот лидер Муктада Ал Садр протестираа денеска во Багдад поради можна седница на ирачкиот парламент на која ќе се избере нова влада.
На снимката се гледа како демонстрантите на мостот Ал-Џумхурија отстрануваат делови од бетонските блокови поставени како бариера за да го спречат пристапот до „Зелената зона“.
Полицијата најпрвин употреби солзавец и шок бомби за да ги растера демонстрантите, но на крајот се откажа, бидејќи демонстрантите организираа седење во просториите на парламентот.
За време на демонстрациите беа повредени најмалку 125 лица.
На крајот собраниската седница беше откажана поради протести.
Демонстрантите се собраа на плоштадот Тахрир од раните утрински часови, носејќи слики од лидерот на садристичкото движење Муктада ал-Садр и извикувајќи слогани за поддршка на него и неговите политички ставови.
Но кратко потоа демонстрантите упаднаа во парламентот на Ирак
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД ги предупредува своите граѓани да не…
Американскиот Стејт департмент денес издаде безбедносни предупредувања…
Американската амбасада во Ирак се подготвува за…
Американската амбасада во Ирак се подготвува за…
На барање на САД Ирак го запира…
Ирак денеска ќе го запре увозот на…
Ирак целосно ги затвори границите
Ирачката администрација соопшти дека границите на Ирак…
БОЛЕСТ! „Телеграф“: Мажи ќе земаат деветгодишни девојчиња…
Ирак се подготвува да ја намали законската…