“Ја открија Америка” – Британското МО: Се подготвува референдум за приклучување на украински територии кон Русија
Британското Министерство за одбрана денеска објави проценка дека властите инсталирани од Русија на окупираните територии на југот на Украина веројатно се подготвуваат годинава да одржат референдуми за приклучување кон Русија.
Во својот дневен билтен на Твитер, Министерството соопшти дека „окупациските власти во Украина” се под зголемен притисок од Москва да ја зацврстат контролата.
„Локалните власти веројатно го принудуваат населението да дава лични податоци за да ги состави избирачките списоци”, наведува Министерството.
Се додава дека Русија во моментов смета дека окупираните територии во Украина се под привремена „цивилно-воена администрација”.
Минатиот месец, воената администрација инсталирана од Москва во областа околу окупираниот град Херсон соопшти дека се подготвува да одржи референдум за приклучување кон Русија.
Херсон, пристаниште на Црното Море, е целосно под руска контрола од почетокот на март.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија изгубила речиси милион и пол војници…
Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…
Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…
Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…
Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…
Русија почна да увезува горива за домашниот…
(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…
Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…
Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…
Украина во следните три до шест месеци…