Костов: Не сум против референдум ама мојата оцена би била “НЕ” – Политичарите малку да подразмислат

t

Референдумот, после гласањето е најшрока форма на демократија и јас генерално секогаш сум за референдум. Ама зошто ќе распишуваме референдум? – прашува Сотир Костов во денешното гостување во Само вистина на Канал 5 телевизија.

За што се изјаснувавме 2018 година? Дали сте за НАТО и ЕУ преку Преспанскиот договор, сега не е Преспанскиот договор, сега е францускиот предлог, или преговарачката рамка или како и да се формулира.

И имаме низа државници и политичари кои се надмудруваат, од кои сум разочаран. Пендаровски ни дава формулација, опозицијата вели ќе даде по 15 дена формулација на прашање…

Јас како на лидери државни и политички би ги замолил малку да подразмислат, ние веќе еднаш се изјаснивме. Јас не сум против референдум, ама јас дебело би размислил и оценката моја би била не.

Се е ова под притисок? Притисок од Бугарија кон власта, од ЕУ кон власта, решиле да не дупат како швајцарско сирење. Од кои причини ние од 91-ва година нонстоп исполнуваме музички желби. Зошто еднаш не седнеме да размислиме нам како ни одговара?

Бадентеровото мнозинство нели е веќе надминато? Еве сега сакаат дел од народ се, ќе сакаат да се избрише 20% и да го имало зборот албанскиот народ, ајде да размислуваме да го тргнеме. Да видиме овие високи цензуси и за претседател и за референдум, нели е срамно два неуспешни референдуми имаме, дури и иницијативите се неуспешни, брука, истакна Сотир Костов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Србија е можно да има референдум…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави можност…

Нема веќе нов договор: Мицкоски нема ни…

„Оваа егзибиционистичка и лоша политика која ја…

Апсиев: Oва враќање на иницијативата од Џафери…

Иницијативата не е одбиена. Значи, ова не…

(Видео) “Дали сте за продолжување на преговорите…

Политичката партија Левица вчера до Собранието ја…

4 години од неуспешниот референдум за промена…

На 30 септември 2018 година беше одржан…