СДСМ повторно најавува бојкот на референдумот

t

Христијан Мицкоски самиот јавно кажа дека е против Европската унија.

Во тоа тој е осамен и изолиран со единствена поддршка од неговиот партнер Димитар Апасиев со кого заедно одбработуваат за туѓи интереси.

Граѓаните гледаат дека тие анти ЕУ изјави почнуваат да доминираат во секој настап на Христијан Мицкоски, откако му паднаа во вода сите лаги, блокади и крвави сценарија.

Проблемот на Мицкоски е што почнавме преговори со ЕУ, со заштитен македонски јазик во Унијата и заштитени идентитетски, културни и јазични посебности на македонскиот народ.

Референдумот кој го најавува Мицкоски а за кој не ја знае ниту формата, ниту прашањето служи само за лична внатрепартиска употреба, откако му пропаднаа сите обиди преку насилство, блокади и крвави сценарија да ја закочи и дестабилизира државата.

Референдумот на Мицкоски против македонски јазик во ЕУ, против преговори со ЕУ, нема да успее, граѓаните уште еднаш ќе ги поразат деструктивните политики на антиевропската ВМРО-ДПМНЕ, стои во соопштението на СДСМ испратено до медиумите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тотален колапс: Луѓето со куфери имаат уште…

Луѓе со куфери, ранци и пластични кеси…

Ед Милибанд не ја исклучува можноста Велика…

Враќањето на Велика Британија во Европската Унија…

„Сејф сити“ во потрага по убиецот кај…

Истрагата за убиството на 38-годишниот маж кај…

Кривична за татко: Се обидел да го…

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе…

Три годишно дете од Гевгелија почина на…

На 21.11.2026 околу 13:40 часот во СВР…