Екслузивно за Инфомакс од високи извори во МВР за ситуацијата на Косово: Будно ги следиме случувањата!

t

Ескалираат тензиите во Северно Косово, во општините каде живеат Србите. Атмосферата во Косовска Митровица каде се слушаше звукот на сирените за опасност, но минуваа и повеќе амбуланти возила исто така со вклучени сирени, попладнево и во вечерните часови навестува некаква опасност, но засега без некоја конкретна информација што точно се случува.

Тензиите се пренесуваат и на улиците каде дел од српските граѓани од северот на Косово и Метохија излегоа на протест на магистралните автопати, во местата Рударе, Јариње и Зупче каде со барикади го блокираат сообраќајот.

Ситуацијата е резултат на најавата на Приштина дека од утре ќе почне примената на одлуката за пререгистрација на возила и лични карти.

Косовската полиција достави официјална информација дека на некои локации се слушаат истрели, каде дел од истрелите биле насочени кон полициските единици, но за среќа нема повредени.

Инфомакс од високи полициски извори во македонското МВР дознава дека државниот врв будно ја следи ситуацијата на Косово, а полицијата засега нема информации за ескалација во близина на македонската граница. Македонската полиција во моментов соработува со сите регионални разузнавачки служби.

-Будно ја следиме ситуацијата на Косово. Засега нема никакви најави за ескалација во близина на нашата граница. Будно работиме заедно со регионалните разузнавачки служби и соодветно ќе реагираме доколку има потреба, дознава Инфомакс од добро упатени извори во МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британија има околу 940 албански затвореници: Трансферот…

Албанските државјани веќе седум години се најбројната…

Хрватска го проширува системот за рано откривање…

Системот за видео надзор за рано откривање…

Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на…

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да…

Барнам од Киев: Украина е првата линија…

Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…

Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…

Во рамките на работната посета на Израел,…