Објавено на:

Бугарите пак на избори: Радев ги закажа парламентарните избори за 2 октомври, привремен премиер е Галаб Донев

t

Претседателот на Бугарија Румен Радев потпиша укази за распуштање на 47-то Народно собрание и за одржување предвремени парламентарни избори на 2 октомври, како и за назначување службена влада. За привремен премиер, како што јави дописникот на МИА од Софија, е назначен Галаб Донев, досегашен советник на Радев.

Кабинетот на бугарскиот претседател соопшти дека за министер за надворешни работи е именуван Николај Милков, амбасадор на Бугарија во Франција, а за министер за одбрана Димитар Стојанов, кој е шеф на претседателската администрација. Во владата се враќа Атанас Пеканов, кој ќе биде вицепремиер и одговорен за управување со европските фондови. Заедно со него во преодната влада се враќа и Велислав Минеков, кој повторно ќе раководи со Министерството за култура, како и во претходните две преодни влади. За вицепремиер и министер за внатрешни работи е именуван Иван Дерменџиев, кој во втората службена влада минатата година беше министер за правда и се залагаше за смена на главниот обвинител Иван Гешев, што е клучна точка за реформите во правосудството во Бугарија, потсетува дописникот на МИА од Софија.

Претседателот Радев ќе ги претстави задачите и приоритетите на преодната влада утре напладне на церемонија во претседателската палата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Еве како полицијата во Италија се подготвува…

Полицијата во Италија подготвува засилени контроли, надзор…

Франција распоредува 70.000 полицајци: Лувр и други…

Француските власти најавија распоредување на околу 70.000…

Сиљановска-Давкова-Бака: Потребни се реформи во меѓународните организации…

По повод одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската…

Средба на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј со…

Денеска во Рим, Неговото Високопреосвештенство, митрополитот дебарско-кичевски…

„Конц-логор, деспотство од азиски тип“: Нови навреди…

Карлос Контрера, советник во Софија и потпретседател…