Насилникот “решен“ по брза постапка: Откако се закануваше на цело семејство, скопјанец оди во притвор
Денеска (03.08.2022) од страна на Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал, поднесена е кривична пријава по брза постапка до ОЈО Скопје против Б.Ф.(36) од Скопје за две кривични дела, и тоа “насилство” по чл.386 и “недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјали по чл.396 од Кривичниот законик.
Тој на 02.08.2022 околу 17.30 часот на подрачјето на Бит Пазар, по претходно недоразбирање во сообраќајот, физички го нападнал З.Т.(42) од Скопје, по што го оштетил и неговото возило „тојота аурис“, со скопски регистарски ознаки, во кое биле и сопругата на З.Т. и нивните две малолетни деца.
Од страна на полициски службеници од Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ околу 17:30 часот Б.Ф. бил лишен од слобода, а кај него бил пронајден и пиштол.
Од страна на Судија на претходна постапка на лицето му е одредена мерка притвор во времетраење од 30 дена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Идниот месец се менува целиот систем на…
Македонската банкарска асоцијација ја информира јавноста дека…
(Фото) Најдете си некој кој ќе ве…
Бугарија е подготвена да го надгради стратегиското…
Трамп разгледува удари врз Харг, клучниот центар…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп разгледува…
(Фото) Повеќе од 30 функционери на СДСМ…
Повеќе од 30-тина поранешни и актуелни истакнати…
МНР со жестока реакција на бугарските провокации:…
Во Министерството за надворешни работи и надворешна…