Ковачевски верува дека пратениците ќе ја препознаат европската идеја и ќе гласаат за измени на Уставот

t

Димитар Ковачевски верува дека пратениците ќе ја препознаат европската идеја и ќе гласаат за измени на Уставот, односно вметнување на Бугарите во истиот.

-При гласањето за заклучоците на европскиот предлог од Европскиот совет за почнувањето на преговорите на државата со Европската Унија секој пратеник ја изрази слободно својата волја. Истото треба да биде и со уставните измени, бидејќи се работи за вклучување на дополнителни делови од други народи во преамбулата во нашиот Устав. Тоа ја зголемува хомогеноста, го зголемува капацитетот на државата, рече премиерот Димитар Ковачевски во вечерашното гостување на ТВ Канал 5.

Тој порача дека секој пратеник без разлика на неговата политичка, верска припадност има обврска кон граѓаните да носи одлуки кои значат подобра иднина за оваа генерација и идните генерации на државата.

-Побрзото пристапување кон ЕУ, значи и побрз економски развој, поголема социјална правда и поголем развој на сите други сегменти на општеството по примерот на европските држави, истакна премиерот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Историски шамар за ВМРО-ДПМНЕ од сопствените…

СДСМ оценува дека денешното однесување на Европската…

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…