Француската влада ги објави плановите да назначи амбасадор за правата на ЛГБТ+
Владата на Франција соопшти дека планира да назначи амбасадор за прашања кои ги засегаат лезбејките, геј, бисексуалците и трансродовите лице и кој ќе ги брани правата на квир луѓето во светот, јави ДПА.
Премиерката Елизабет Борн денеска го соопшти планот, велејќи дека назначеното лице ќе треба да работи на меѓународно ниво за декриминализација на хомосексуалноста и транс идентификацијата.
– Во последниве години, правата на ЛГБТ+ беа доведени во прашање, вклучително и на европско тло, рече Борн. Ова е неприфатливо, додаде таа.
Новата позиција ќе биде во рамки на Министерството за надворешни работи.
Борн, исто така, најави дека дополнителни средства ќе бидат искористени за зајакнување на центрите за ЛГБТ+ лица и за создавање дополнителни институции. – На француско тло, целта е да има најмалку два центри по регион, информираше премиерката.
Пред 40 години, Франција го укина законот со кој се поставува возраста за сексуална согласност за истополовите лица повисока отколку за хетеросексуалните врски. Хомосексуалноста беше официјално декриминализирана во Франција во 1791 година. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица го освои Берлин, кој првпат може…
Победата на крајнолевичарската партија Левица на вчерашните…
Личните документи ќе ги имаме на мобилен…
Мобилната апликација м.Услуги (m.Uslugi), е национална дигитална…
ТРАМП: Голем број руски рафинерии се надвор…
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно повика на…
Европа подготвува црвена линија кон Москва: Што…
Европските министри за надворешни работи ќе се…
Европа се соочува со огромен недостиг од…
Европската енергетска криза може да добие нова…