МАЛОЛЕТНИК ПОВРЕДЕН ОД СТРУЕН УДАР: Се потпрел на оградата од дворот

t

Малолетник од струшкото село Лабуништа е повреден од електрична енергија при допир на оградата во својот двор, соопштија денеска од СВР Охрид.

Според информацијата, синоќа во 21 часот и 10 минути во полициското одделение Велешта, било пријавено дека во приватна здравствена установа во селото Подгорци, со повреди бил донесен малолетник од селото Лабуништа.

– Полициски службеници извршиле увид и било констатирано дека малолетникот се здобил со повредите во својот двор при допир на ограда до која имало ниско поставени жици од далновод. За настанот, известен е јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот – појасни портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Увидот треба да покаже како дошло до пренос на електрична енергија на оградата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Мојсоска: На 8 мај младите ќе…

Левица како нова генерација млади политичари на…

Вучевиќ: Македонија е држава која во Србија…

Мандатарот на новата српска влада – Милош…

Велигденско јајце – симбол на Христовото Воскресение!

Вапсањето црвени јајца за Велигден е најраспространетата…

Aрхиепископот Стефан порача да ги зацврстиме единството…

Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно…

Советот за човекови права на ОН ќе…

Работната група на Универзалниот периодичен преглед (УПП)…