Гутереш: Невозможно е горливите светски проблеми да се решат без дијалог меѓу Кина и САД
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изјави дека невозможно е горливите проблеми во светот, како што е глобалното затоплување, да се решат без ефикасен дијалог меѓу Кина и САД, соопшти неговиот портпарол Стефан Дужариќ.
За генералниот секретар, невозможно е актуелните проблеми во светот да се решат без дијалог и ефикасна соработка меѓу двете земји, кажа Дужарик. Хина пренесува дека порпаролот на генералниот секретар одговарал на прашањата поврзани со најавата на Пекинг дека ја прекинува соработката со Вашингтон во неколку домени, вклучително и во областа на климата.
Кина вчера соопшти дека ја прекинува соработката со САД во осум области, вклучително и дијалогот меѓу високите воени команданти и разговорите за климата, како одмазда за посетата на претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси на Тајван, соопшти официјален Пекинг.
Кинеското Министерство за надворешни работи, исто така, објави дека ја прекинува соработката со Вашингтон за спречување на прекуграничниот криминал и трговијата со дрога, како, како и за репатријацијата на илегални мигранти. Пекинг вкупно наведе осум различни мерки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Во Кина роботи ги пошумуваат пустините
Додека сончевите фарми во кинеските пустини веќе…
„Или сте со нас, или против нас“…
Откако САД најавија „економска војна“ против Иран,…
Пентагон: Над 750 американски војници ранети во…
Вкупно 757 американски војници се ранети од…
Америка крие тела на четири вида вонземјани,…
Научник, кој со децении работел со програмата…
Долгот на САД за првпат надмина 40…
Јавниот долг на САД за првпат ја…