Десет месеци без дежурен педијатар: Охриѓани и туристите мораат да ги носат болните деца во Струга
Десет месеци по затворањето на Детското одделение во Охридската болница поради недостиг на педијатри, нема решение за овој исклучително сериозен проблем. Не само жителите, туку и туристите од земјава и странство во Охрид се револтирани што во ноќните часови, во викендите и празниците, болните дечиња на преглед или за хоспитализација се принудени да ги носат до Струга, пренесува ТЕЛМА.
За оваа катастрофална состојба во Општата болница во Охрид телевизијата побара одговор од новиот директор Асен Шајн, но пренесуваат дека тој немал време да одговори на прашањата на Телма. Кусо рече дека се бара решение.
Во болницата има само двајца педијатри, кои велат дека ваквиот начин на работи и недостигот на персонал е голем проблем. Во моментот на испомош се испратени двајца специјализанти, но тие не смеат да дежураат, па работи само детската амбуланта во две смени од 8 до 20 часот.
И од Министерството за здравство немаат конкретен одговор, велат дека се бара начин за надминување на предизвикот со педијатрите во рамките на законските можности, а решение најавуваат на подолг рок.
Целата вест прочитајте ја на ТЕЛМА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британија има околу 940 албански затвореници: Трансферот…
Албанските државјани веќе седум години се најбројната…
Хрватска го проширува системот за рано откривање…
Системот за видео надзор за рано откривање…
Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на…
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да…
Барнам од Киев: Украина е првата линија…
Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…
Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…
Во рамките на работната посета на Израел,…