Објавено на:

Легендите на Јунајтед за играта на Манчестер: Средниот ред е смешен!

t

Манчестер Јунајтед има ужасен старт на сезоната, откако денеска на домашен терен беше поразен од Брајтон со 1-2.

Паскал Грос со два гола од 30 до 39. минута му донесе големо водство на Брајтон на „Олд Трафорд“, по што Јунајтед тргна по спас, но сепак на крајот преку автогол на Алексис Мек Алистер стигна само до 1-2.

„Шокантен старт, особено првиот дел беше хаотичен. Од првата минута се знаеше дека не е добро. Мектомини цело време се обидуваше да трча со топката, тоа е смешно. Квалитетот на средината на теренот е очаен. Тој квалитет на средината не е доволен, но тоа го гледаме години наназад со ова дуо Мектомини со Фред. Фред цело време губи топки, Мектомини сака да оди со неа во простор, и секогаш ја губи. Па, додавај на најдобрите играчи!. Тоа не е тешко“, рече Пол Сколс.

Рој Кин, се согласува со Сколс.

„Недостаток на вистински одлуки и фудбалска интелигенција на средината, особено Фред. Веќе долго време зборувам за тоа. Фред и Скот не се добри. Нема да го вратат Манчестер на врвот“, јасен е Кин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Еве како полицијата во Италија се подготвува…

Полицијата во Италија подготвува засилени контроли, надзор…

Франција распоредува 70.000 полицајци: Лувр и други…

Француските власти најавија распоредување на околу 70.000…

Сиљановска-Давкова-Бака: Потребни се реформи во меѓународните организации…

По повод одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската…

Средба на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј со…

Денеска во Рим, Неговото Високопреосвештенство, митрополитот дебарско-кичевски…

„Конц-логор, деспотство од азиски тип“: Нови навреди…

Карлос Контрера, советник во Софија и потпретседател…