(Видео) Арсовска не се повлекува: Имам секојдневни закани, нема да дозволиме луѓе да земаат плата и да не одат на работа – сите институции да го следат нашиот пример
Тоа што на некого не му е продолжен договорот, значи дека раководството не е задоволно од неговата работа. Се работи за лица кои не си ги извршувале своите работни обврски, а најголем дел нив не се ни појавувале на работното место, изјави денеска градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска одговорајќи на новинарски прашања за отпуштањето од работа на 33 лица вработени во ЈП „Комунална хигиена“.
Арсовска повикува секоја институција во која има вработени кои не се појавуваат на своите работни места да го следи нејзиниот пример бидејќи се работи за парите на граѓаните.
Според Арсовска, доколку некој смета дека овие лица треба да бидат поддржани во тоа да не доаѓаат на работа и да не ги извршуваат работните обврски, тој треба да излезе и јавно да го каже тоа.
-Ние, својот мандат го имаме добиено од граѓаните, да им се испорачуваат најдобрите можни услуги и притоа да нема непродуктивни трошења на лица кои не си ги извршуваат своите работни обврски. На крајот, одговорноста за тоа дали работата се завршила како што треба или не, е наша, а оние лице кои не доаѓаат на работа сметам дека треба да наидат на силна осуда во општеството, рече Арсовска.
Напомена дека ќе продолжат со вакви реформи и во следниот период, а како што рече, одговорност треба да има и за оној кој дозволил со години некој да седи на работното место и ништо да не работи.
Во однос на добиените закани кои градоначалничката ги доби изминатиов период поради прекинување на договорот на овие лица, таа посочи дека тие не смеат да се дозволат во едно општество.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вероника Консевиќ обезбеди бронза за Македонија во…
Македонија освои уште еден медал на Медитеранските…
Србија набавува офанзивно оружје, тоа треба да…
Европа мора да ја зајакне сопствената безбедност…
Зеленски: Велика Британија и Франција го деблокираа…
Украинскиот Претседателот Володимир Зеленски денес изјави дека…
Елмас официјално претставен во дресот на Аталанта:…
Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас вечерва на…
Утре без струја делови од Скопје, Тетово,…
Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, утре,…